Серафимов: На ЕП ќе влеземе без никаква ментална и психичка пречка

Во отсуство на Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов ќе треба да го изнесе товарот на десната бековска позиција со Мартин Велковски.

Серафимов ги сподели очекувањата од настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

„Имаме многу квалитетни играчи во ростерот. Сите играат во клубовите, имаат минутажа и играат силни натпревари. Останува само да се доусовршеме и да се воиграме повеќе. Не знам за тактичкиот дел, но гарантирам дека ќе го дадеме максимумот. За желбата нема никаква споредба, без разлика дали противник ќе ни биде Данска, Португалија или Романија. Против сите влегуваме со 100%. Данска е ракометен гигант, Португалија е во подем има играчи што играат редовно во ЛШ и имаат квалитетни натпревари, но ние ќе се бориме до последна минута и мислам дека се ќе се заврши позитивно. Што се однесува до Романија, сигурно дека нема да ја потцениме. Мислам дека сме на добар пат на ЕП да влеземе како што треба, без никаква ментална и психичка пречка“, изјави Серафимов.

Пред ЕП, Македонија ќе тестира на турнир во Швајцарија, против домаќинот, Бахреин и Украина од 8 до 10 јануари, а потоа на 13 јануари и против данскиот прволигаш Митјиланд.

Стартот на ЕП е против Данска на 16 јануари.