Серадиља заминува од Магдебург, но останува во Бундес лигата!

Според пишувањата на ,,handballleaks”, членот на Магдебург, Антонио Серадиља, ќе има нов предизвик.

Левиот бек ќе си замине од поранешниот европски првак, но ќе остане во Бундес лигата, бидејќи е блиску до договор со Штутгарт.

Одличниот дефанзивец во редовите на Магдебург пристигна во оваа сезона од норвешкиот Елверум.

Серадиља во 2021 имаше операција на отстранување на десното око поради тумор на очното јаболко и паузираше одреден временски период.

Засега, не е познато кој ќе си оди на лето од Магдебург, а познато е дека во тимот ќе пристигне репрезентативецот на Исланд, Елвар Јонсон.