Сензационален трансфер – Катрин Лунде се сели во српскиот шампион?!

Можеби најдобрата голманка во историјата на ракометот, Катрин Лунде, се наоѓа пред сензационален трансфер во српскиот шампион Црвена Звезда.

Според пишувањата на „Моцарт Спорт“, Лунде веќе има понуда на маса од српскиот првак и се очекува да ја прифати.

Таа беше дел од данскиот Оденсе до крајот на минатата сезона по распадот на Вајперс Кристијансанд, но сега е без клуб.

Лунде е една од најтрофејните ракометарки на клупско ниво. Два пати беше европска шампионка со данскиот Виборг, два пати со унгарскиот Ѓер и три пати со Вајперс Кристијансанд.

Црвена Звезда оваа сезона е дел од Лигата на Европа и има големи амбиции.