Сесвете приредија големо изненадување и го совладаа фаворизираниот Нексе со 30-27 во 9. коло од Премиер лигата (група Б), во меч во кој избраниците на Игор Вори одиграа зрело, дисциплинирано и тактички зрело второ полувреме.
Хрватскиот тим е противник на Вардар во Лига Европа, а игра во се подобра форма. Македонскиот тим треба на 25 ноември да гостува во Загреб во рамките од 5. коло од групната фаза од Лига Европа.
По лошиот старт на сезоната кога имаа два порази, Сесевте сега „врза“ седумнатпревари со победа, меѓу кои и овој со Нексе. За тимот од Нашице ова е прв пораз сезонава. Првиот дел мина во израмнета игра, со постојани промени на водството и резултат 15-15 на полувреме, што најдобро ја отслика рамнотежата на теренот.
Клучниот пресврт дојде во второто полувреме. Сесвете ја зацврстија одбраната, голманот сигурно интервенираше во клучните моменти, а во нападот доминираше Златко Раужан со перфектен учинок од 7 гола од 7 обиди. Поддршка доби од неколку соиграчи со важни погодоци во серијата со која домашниот тим првпат посериозно се одлепи и ја презеде целосната контрола врз резултатот.
Гостите во 52 минута водеа со 25-24, по што следуваше одговорот на Сесвете, четири гола по ред и во 58 минута тие водеа со 28-25, како потврда дека бодовите остануваат во Загреб.
Оваа победа е едно од најсилните изданија на Сесвете сезонава и јасен сигнал дека во салата на Вори нема лесни бодови, додека за Нексе ова е сериозно предупредување пред продолжението на сезоната.


























