Со гол на Виталиј Комогоров во последните секунди, Бузау ја совлада шампионската екипа на Динамо Букурешт со минимални 30-29.
Иако на полувремето домашниот тим заостануваше со 17-18, во вториот дел успеа да се врати и да ја преземе контролата.
Одлучувачкиот момент се случи буквално пред последниот свиреж, кога рускиот бек ја затресе мрежата на Динамо и донесе голема радост за својот тим.
Комогоров натпреварот го заврши со три погодоци, а најефикасен на средбата беше Аниел Лангаро од редовите на гостите со седум гола.
За составот на Бузау, кој го води Сергеј Бебешко, ова е втора победа во исто толку натпревари од новата сезона – одличен старт за амбициозниот тим.
За Динамо Букурешт, кој загуби дома и во Лигата на шампионите од Спортинг, ова е втор пораз во серија во сите конкуренции.