Амбициозниот Нексе Нашице со сензационален пораз од Сесвете го отвори разигрувањето за титулата во Хрватска.
Сесвете кој е предводен од легендарниот Игор Вори го надмудри поискусниот Бранко Тамше и неговиот тим славеше со 38-33.
Уште од стартот се разбрани домашниот голман Периќ кој заврши со 17 одбрани, а гостите никако не можеа да го најдат својот ритам.
На крајот и заслужено се поразени, но плеј-офот е долг, а ќе има и дополнителна финална серија меѓу прво и второпласираниот тим, па овој кикс нема да биде многу болен.
Во составот на Нексе недостигаше повредениот Јотиќ, а најдобри стрелци беа Штрлек со девет и Сршен со пет погодоци.