Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет полека го комплетира ростерот за следната сезона во Женската лига.
Десното крило Анастасија Сентовска, која на полусезоната се врати во Свети Николе, ја продолжи соработката за уште две години.
Поранешната кадетска репрезентативка ќе остане најмалку до 2027 година да ги брани боите на Овче Поле СУ.
Претходно тимот предводен од Илија Бетувски се засили со голманката Дона Марковска, како и повратничките Елена Вучевска и Наталија Манева од Астибо.