Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет го засили ростерот пред стартот на натпреварите од плеј-аутот во Женската лига.
Старо-нова ракометарка на тимот од Свети Николе ќе биде десното крило Анастасија Сентовска, која се враќа дома.
Кадетската репрезентативка на Македонија есенскиот дел од сезоната во Женската лига го мина во Астибо од Штип.
Иако плеј-аутот во Женската лига нема никакво значење, а исклучени се Скопје и Гевгелија, сепак седумте екипи учесници ќе одиграат 14 меча.