Сентовска и Ангеловска дадоа 24 гола, Овче Поле СУ ја наполни мрежата на Јехона

Ракометарките на Овче Поле СУ ја запишаа седмата победа во оваа сезона од Првата женска лига, откако славеа над Јехона со 33-10.

Со новите бодови, тимот од Свети Николе сега има 14 и се израмни на второто место на табелата со Ѓорче Петров 2.

Победничкиот тим беше предводен од Анастасија Сентовска со 14 и Јована Ангеловска со десет погодоци, додека кај Јехона се истакна Алтина Хасани со седум.

Гостинките успеваа да парираат петнаесетина инути со минимална негатива, но потоа избраничките на Илија Бетувски создадоа голема залиха од девет гола, 16-7.

Во вториот дел домаќинките одиграа одлична одбрана и за дваесетина минути примија само еден, а за тоа време Сентовска ја полнеше мрежата на гостиварчанки.

Во следното коло, Овче Поле СУ ќе гостува кај Деспина, додека Јехона ќе биде слободна.