Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет славеше нова победа во Првата женска лига, откако на домашен терен беше подобар од Деспина со 33-21.
Ова беше четврта победа за составот на Илија Бетувски, а беше најавена уште по првиот дел кога во Свети Николе домаќинот водеше со 14-9.
Предводничка на победничкиот тим беше Анастасија Сентовска со девет гола, а по седум дадоа Јована Конева и Елена Вучевска.
Во тимот на Деспина доминираше најискусната – Мери Гичева се истакна со девет гола во противничката мрежа.
Во следното коло Овче Поле СУ е слободен, додека Деспина ќе го пречека тимот на Стружанка.