Сентовска даде половина од головите, Овче Поле СУ им се врати на победите

Овче Поле СУ се врати на победничките патеки во Првата лига, совладувајќи ја Стружанка со убедливи 32-18 во рамки на 9 коло. Тимот од Свети Николе ја запиша својата петта сезонска победа.

Екипата на Илија Бетувски го контролираше мечот од самиот старт и на полувреме замина со солидна предност од 13-7.

Гостинките накратко се доближија на стартот на вториот дел, но во финишот домаќинките ги казнија сите нивни грешки и ја осигураа високата победа.

Најефикасна на натпреварот беше Анастасија Сентовска со 15 погодоци, додека кај Стружанка се истакнаа Јана Петреска и Вања Маџовска со по четири гола.

Во следното, 10. коло, Овче Поле СУ гостува кај Шампион во Скопје, а Стружанка е слободна.