Денеска на пладне, женската сениорска репрезентација ќе го има собирот во рамките на ЕХФ неделата.
Од планираните 20 ракометарки на собирот во Кавадарци, селекторот Кристијан Грчевски, нема да смета на повредената Ива Младеновска од францускиот Безансон.
Сениорките во рамките на оваа ЕХФ недела ќе бидат дел од пријателскиот турнир во Анкара, Турција, каде ќе одиграат три средби.
Од 5 до 7 декември, покрај дуелот со домаќинот Турција, Македонија ќе има проверки и против Словенија и Словачка.
Грчевски објави список – со 20 ракометарки на турнир во Турција

























