Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Селекторот Кире Лазаров на скратениот список има 20 ракометари, но подоцна ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талески, кои имаат клупски обврски во португалскиот шампионат.

Голем хендикеп за македонската репрезентација ќе биде отсуството на Ненад Костески, кој на почетокот на месец март се повреди на натпреварот против Колштад.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.

Победникот од двомечот ќе се пласира на СП 2025 што ќе се игра во три држави –  Данска, Норвешка и Хрватска. Доколку Македонија се пласира на ова СП, повеќе од веројатно е дека групната фаза ќе ја игра во некој хрватски град.