Машката репрезентација денеска ја завршува првата фаза од подготовките за Светското првенство што ја одработуваше во Стара Пазова во Србија.
Со биланс од две победи над Нови Београд и Динамо Панчево, како и пораз од комбинираниот состав на Србија, избраниците на Кирил Лазаров се враќаат дома.
По кратката пауза за Нова Година, од 2 јануари се враќаат на тренинзи за вториот дел од подготовките што ќе биде одработен во Скопје.
Потоа на 7 јануари се патува за Хрватска, каде на 8 јануари е закажан тестот со еден од домаќините на Мундијалот.
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а трите најдобри селекции ќе обезбедат место во главната рунда.