Легендарната руска ракометарка Ана Сен и во следните две сезони ќе ги брани боите на Ростов Дон.
Сен ја продолжи соработката со Ростов Дон до 2026 година и понатаму ќе биде една од главните ракометарки во екипата предводена од Ирина Дибирова.
Таа во последно време игра и на пивотменската позиција, иако своевремено беше класичен лев бек шутер, а Дибирова ја користи и во дефанзивата.
Сен потекнува од Краснодар, играше и Звезда Звенигород, пред да се пресели во Ростов Дон во 2011 година.
Оттогаш па досега е дел од овој клуб, со исклучок на сезоната 2014/2015 настапуваше и за унгарскиот и европски шампион Ѓер.