Село со 45 жители дава тројца репрезентативци!

Не многу села во светот со само 45 жители можат да се пофалат со тројца репрезентативци истовремено.

Toa му „успеа“ на фарското село Валур, лоцирано на островот Стрејмој. Од вкупно 16 ракометари во младинската репрезентација на Фарските Острови, која ќе се бори за бронза на Светското првенство во Полска, тројца доаѓаат токму од ова село.

Станува збор за дефанзивецот Ејдбјорн Хеини Даниелсен, десното крило Ола Јакуп Гард Олсен и голманот Александар Лачок.

И покрај тоа што Валур има тројца репрезентативци, во самото село не постои ракометен клуб. Сите млади кои сакаат да тренираат ракомет мораат да одат во соседното место Вестмана, каде што тренираат со клубот ВИФ.

За среќа, од Валур до Вестмана има само околу 3 км, па патувањето не е проблем.