На денешниот состанок на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот Кирил Лазаров ги сумираше активностите на националниот тим досега годинава и ги најави следните предизвици.
Македонија ќе се подготвува со Хрватска, ќе има пријателски меч во Пореч, а потоа ќе игра на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, против Швајцарија, Бахреин и Украина.
„Континуитетот продолжува на најуспешниот национален тим, со сосема нова генерација. Со победа над Естонија на гостински терен и со Литванија, каде ни недостасуваа неколку играчи, но успеаме да се пласираме. Успевме да наполниме сала, ретко кој може да наполни сала, тоа покажува дека имаме подршка од народот, дека сме интерсни и дека има резултати, сооваа нов агенерација. Оваа беше потвда за она што го игравме на СП 2025, влегуваме во континуитет. Во изминатите години ја сменивме генерацијата и направивме јак потенцијал и база што ќе и служи на Македонија. Заедно со клубовите направивме силна база, сега има и слатки маки при избор на играчи. Нема да се згреши било кој да се избере, но тоа е работа на вкус, поентата е дека можеме сега и да бираме“, вели Лазаров.
Потоа следуваа две пријателски средби со Јапонија, а познат е планот и за подготовките за ЕП 2026.
„Во соработка со РФМ имавме уште летово план, доставив план и од јули, август знаевме дека голем дел од планот и ќе го реализираме. Подготовките во неколку фази и со посебен акцент на воигрување на тимот. Повеќе пријателски натпревари, давајќи им шана на сите повикани ракометари да бидеме поподготвени. Ќе имаме еден меч со Хрватска со Пореч, заедно ќе се подготвуваме со Хрватака, ќе бидеме пет дена и ќе правиме заеднички тренинзи. После Нова Година, ќе тренираме во Скопје, па одиме за Винтертур, каде ќе играме со Бахреин, Украина и Швајцарија и од таму дектно за Данска заминуваме. РФМ одобри да патуваме 4-5 дена порано, од искуство имаме да го почуствуваме местото таму каде ќе играме, да се адаптираме. Ќе пробаме д анајдеме противник таму, или репрезентација или клуб и да бидеме спремни“, заврши Лазаров.
Македонија е во група со Данска, Португалија и Романија на ЕП и ќе игра во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.

























