„Селекторите-рибари“ се во мода!

Ако до скоро шпанските стратези беа „во тренд“ низ Европа и светот, сега очигледно Исланѓаните ја преземаат лидерската позиција.

Дури три полуфиналисти на Европското првенство – Германија, Исланд и Хрватска имаат селектори од Исланд.

Алфред Гисласон е селектор на „панцирите“, Дагур Сигурдсон ги води Хрватите, додека Снори Гујдонсон е предводник на Исланд.

Покрај овие три селекции, полуфиналист на ЕП и уште и Данска – светски и олимписки првак, кој посакува и европската круна да ја додаде во колекцијата од 2024 (ОИ) и 2025 (СП).