СЕЌАВАЊЕ: „Крсте Андоновски беше најдобриот кој може да го подготви тимот кондициски“

Ракометниот турнир во Охрид што годинава се одржува по третпат го носи името на поранешниот ракометар и тренер Крсто Андоновски. Тој е еден од повеќето ракометни имиња од Охрид кои на различни начини оставиле белег во ракометот.

Управата на ГРК Охрид во 2022 година реши да почне со организација на турнир. Првата година имаше шест екипи, а лани првпат таа бројка се зголеми на осум. Годинава на турнирот има два поранешни европски прваци и сите гости учесници биле или се прваци или куп победници на своите земји.

За тоа каков тренер бил Андоновски со гордост раскажуваат неговите сограѓани и поранешни играчи. Еден од легендите на охридскиот ракомет е и Панде Христовски кој лани доби плакета од клубот за придонесот во ракометот и во клубот.

„Имав можност да бидам во екипа заедно со Крсто Андоновски. Јас тогаш бев играч, а потоа заедно заминавме и за Битола во тимот на Пелистер. Тој според мене беше врвен тренер кој знаеше да ја подготви екипата кондиционо, да може да ги издржи сите напори што му претстои н аеден тим во натпреварот. Едноставно ние бевме физички надмоќни над ривалите. Затоа Крсто беше ценет и во поранешната СФРЈ па беше и повикуван на подготовките на младинските репрезентации“, се сеќава Панде Христовски една од легендите на охридскиот ракомет.

Тој вели дека Охрид имал во минатото многу добри ракометари кои едноставно не успеале да се наметнат бидејќи селекторите не биле од овој регион, па секогаш шанса им давале на други ракометари. Но, Охрид играл убав, допадлив ракомет со кој пленел на натпреварите.

На турнирот годинава за тимот на Охрид настапува и Крсте, внукот на Крсто Андоновски кој е третата генерација од семејството кои играат ракомет за локалниот тим. Синот на Крсто Андоновски, поранешниот македонски репрезентативец Горан Андоновски сега е тренер во Косово во тимот на Раховец, а неговиот син, внукот Даниел игра во Врање.

Крсте Андоновски во поранешна Југославија беше селектор на сениорска и младинска репрезентација на Македонија, исто така беше член на стручниот совет во СФРЈ. Тогаш од секоја република и покраина имаше по еден тренер, кој го сочинуваа тој совет и сите тие тренери го избираа селекторот на Југославија, така што беше вклучен во сите структури на ракометот во Југославија. Беше тренер во Охрид, Пелистер, Тутински комбинат во Прилеп, со овој клуб играше и на европска сцена, беше тренер и на Кичево, ја водеше и женската екипа Лотец од Охрид,

Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…