Тимот на Стружанка ја запиша четвртата победа оваа сезона во Првата лига, откако славеше над Ѓорче Петров 2 со 30-28.
По израмнетиот прв дел, гостинките поведоа со три гола, 21-18, кога остануваа за игра уште дваесетина минути.
Но тогаш имаше голем пад во нивната игра, стружанки кои беа предводени од Еџе Сејадин и Маја Раткушиноска со по седум гола, направија комплетен пресврт.
Стружанка водеше во последните три минути со 30-25 и веќе беше јасно кој ќе слави, па гостинките само ја намалија негативата до крајот. Најдобра во составот на Ѓорче Петров 2 беше Кристина Наумовска со пет погодоци.
Сега на табелата Атлетик е прв со 20 бодови, Овче Поле СУ е втор со 16 бодови, додека Ѓорче Петров има 14 на третото место.


























