Изминатите три дена се одиграа натпреварите од третото коло на дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига.
Шампионот на Русија, ЦСКА Москва беше подобра во дербито од Зенит и славеше со 28-23. Данил Шишкарев даде два гола за домашните, додека Дмитри Кисељов беше стрелец на осум гола за гостите од Санкт Петербург.
Победи остварија и двете руски екипи кои имаа белоруски ривали на гостински терен.
Чеховски Медведи беа подобри на гостувањето во Могилев кај Машека со 37-29, додека Пермски Медведи славеа кај Гомел со 29-25.
Од третото коло треба да се одигра уште средбата меѓу Ајст Китаја и СКА Минск, која беше одложена.