СЕХА Ф4: Пелистерци го дознаа полуфиналниот ривал – еве против кој и кога ќе играат

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в петок и сабота ќе биде дел од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Противник во полуфиналето на Ф4 турнирот што ќе се игра во турскиот град Болу, на битолчани ќе им биде рускиот трофеен клуб Чеховски Медведи.

Овој натпревар ќе се игра на 23 август со почеток во 16:00 часот, додека во второто полуфинале се среќаваат Мешков Брест и АЕК Атина од 18:00 часот.

Во истите два термини се играат натпреварите на финалниот ден – оној за бронза е од 16:00 часот, додека од 18:00 часот ќе биде мечот за злато.

За Еурофарм Пелистер ова ќе биде трет настап на Ф4 во регионалната СЕХА лига, а во 2022 во Задар го освои третото место, додека лани загуби два пати во Анкара.

Битолчани забележаа победа против Горажде, потоа ремизираа со Охрид, а ги совладаа Струга, ПАОК и Вардар, на патот до трофејот на Струшкиот турнир.