Норвешкиот првак и трикратен европски шампион Вајперс Кристијансанд објави дека банкротираше и дека сите ракометарки остануваат без клуб од денеска.
Бордот на директори на норвешкиот клуб реши да ја прекине голготата во барањето на финансии за егзистенција и Вајперс престанува да постои.
Клубот беше на работ на пропаст и на стартот на сезоната, но тогаш се спаси со ветување дека се обезбедени финансии да се истурка до крајот на оваа сезона.
Сепак тоа не се случи и клубот нема повеќе да се натпреварува ниту во домашното првенство, ниту во Лигата на шампионите.
Големиот број ѕвезди – Катрине Лунде, Силје Солберг, Јамина Робертс, Луис Абинг…се слободни во изборот на новата средина.