Актуелниот тренер на данскиот Алборг, Стефан Мадсен, на лето би можел да има предизвик во Бундес лигата.
Според пишувањата на германскиот „Билд“, данскиот стручњак е блиску до клупата на бундеслигашот Лајпциг.
Тој би требало да биде замена за Исланѓанецот Рунар Сигтригсон, кој е врзан со договор за Лајпциг до 2025 година.
Но исто така и Мадсен имаше договор со Алборг до 2025, па ќе замине година дена претходно, исто како и првата ѕвезда Микел Хансен, кој става крај на кариерата.
За Мадсен ова не би било прво искуство во Германија, бидејќи од 2011 до 2013 година го водеше женскиот тим на Лајпциг.