Сефте за Аеродром

Тимот на Аеродром, кој од ова лето има ново раководство и нов стручен штаб со двајца поранешни репрезентативци, Лазо Мајнов и Митко Стоилов, ја забележа првата победа во прволигашката конкуренција.

Аеродром славеше против составот на Шампион со убедливи 37-18 на мечот што се играше во салата „Антон Димитров“.

По првото полувреме избраниците на Стоилов ја најавија победата кога водеа со 14-8, а во вториот дел само ја зголемуваа разликата во нивна корист.

Матеј Марковски беше предводник на Аеродром со седум гола, а по пет имаа Марко Димитровски и Никола Иванов, додека во тимот на Шампион по пет пати погодија Ненад Богоевски и Андреј Божиновски.

Во следното коло Аеродром ќе им гостува на „витамините“ од Автокоманда, а Шампион ќе се соочи со Преспа.