Седум засилувања за Мешков Брест – доаѓа и голман од Келце!

Белорускиот вицепрвак Мешков Брест сериозно се засили пред новата сезона, претставувајќи седум нови ракометари.

Меѓу новите лица се двата белоруски бека, Артур Руд од ЦСКА Москва и Николај Алјохин кој доаѓа од романскиот клуб Констанца.

Од Русија пристигнуваат Радомир Врачевиќ, кој настапуваше за Виктор на позицијата кружен напаѓач, како и Алексеј Фокин, десно крило од ЦСКА.

Повторно во тимот се враќа и левото крило Максим Саликов, кој го напушти клубот во јуни, но сега повторно ќе го носи дресот на Мешков Брест.

Во новата сезона дресот на белорускиот клуб ќе го носи и хрватскиот голман Сандро Мештриќ, кој беше под договор со Келце, а минатата сезона ја мина во полската Островија.

Тимот го засилува и словачкиот плејмејкер Мартин Потиск, кој доаѓа од унгарскиот клуб Ѓенѓеш.