Исландскиот стратег Арон Кристјансон по седум години го напушти селекторското место во Бахреин и ќе има нов предизвик.
Тој останува на азискиот континент и ќе биде селектор на машката репрезентација на Кувајт, која исто како и Бахреин играше во Президент Купот на последното СП.
Искусниот 52-годишен Кристјансон претходно беше селектор и на Исланд, од 2012 до 2016 година, а најголем успех му е петтото место на ЕП 2014.
На клупско ниво, Исланѓанецот беше тренер на Хаукар, на бундеслигашот Хановер, како и на данските Алборг, Колдинг и Скјерн.