Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа.
Македонија нема тим во групите, но ќе има две македонски репрезентативки – Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Андреа Седлоска со Локомотива Загреб.
Романската и хрватската екипа се најдоа во групата Ц и ќе играат меѓусебе, како и против норвешкиот Тертнес и германскиот Олденбург.
Групната фаза стартува на 10 јануари и ќе се игра во шест викенди до 22 февруари, додека потоа на програмата ќе бидат четвртфиналните средби, а Ф4 ќе се игра во Грац на 16 и 17 мај.
























