Седлоска најдобра на теренот, Локомотива Загреб гази се пред себе!

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, ја продолжи победничката серија во хрватскиот шампионат.

Во натпревар од 9 коло, Локомотива Загреб славеше убедливо на домашен терен против составот на Осијек со 37-16.

Седлоска беше најдобар стрелец во победничкиот тим со седум голови од осум обиди, и покрај голманката Пијевиќ, имаше највисок индекс на корисност.

Локомотива Загреб заедно со Подравка се на врвот на табелата со максимален број победи и бодови, а нивниот меѓусебен дуел ќе се игра дури во 13 коло на 31 јануари следната година.

Следен предизвик за Седлоска и Локомотива Загреб ќе биде гостувањето кај Сињ, а потоа следуваат и два меча од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.