Седлоска и Локомотива Загреб во победнички ритам

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нова победа во хрватскиот шампионат.

Локомотива на домашен терен немаше никакви проблеми против Дуго Село и славеше со убедливи 34-14.

Седлоска беше меѓу подобрите во домашниот тим и успеа да реализира три пати од три обиди во противничката мрежа.

Локомотива Загреб е на второто место на табелата сo 31 бод, зад Подравка со 34 бодови, која има и меч помалку, а следен предизвик за Седлоска и нејзиниот тим ќе биде гостувањето кај Осијек.