Седлоска и Локомотива Загреб им се вратија на победите

По елиминацијата од Лигата на Европа, тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, им се врати на домашните обврски.

Локомотива Загреб славеше убедливо против составот на Сињ со 39-23 во натпревар од 21 коло во хрватскиот шампионат.

Седлоска беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот состав и успеа да постигне четири гола од пет обиди.

Локомотива Загреб има 38 бодови на второто место, зад Подравка која има 40, а овие две екипи ќе играат меѓусебе вторпат кон средината на мај кога ќе биде познат шампионот.

Тимот на Брод, каде што играат македонските репрезентативки Драгана Петковска (седум одбрани) и Ана Марија Коларовска (пет гола) загуби на гости кај Зрињски со 26-18.