Тимот на Локомотива Загреб, по поразот од Дижон во четвртфиналето на Лигата на Европа, им се врати на победите.
Во рамките на хрватскиот шампионат, Локомотива Загреб го совлада тимот на Замет Риека со убедливи 41-28.
Седлоска беше меѓу најдобро оценетите ракометарки во победничкиот тим и успеа да постигне четири гола од четири обиди.
Покрај тоа македонската репрезентативка подели уште три асистенции до колешки, а имаше и една освоена топка.
Локомотива Загреб сега има 36 бодови по 19 меча, додека лидер е Подравка со 40 бода но од 20 одиграни дуели досега.

























