Седлоска и Локомотива пред елиминација, Стефаноска најефикасна во Јагодина

Минатиот викенд се одиграа првите натпревари од 3 квалификациско коло во Лигата на Европа. По елиминацијата на Ѓорче Петров, претставнички од Македонија останаа Зорица Десподовска од полскиот Кобержице и Андреа Седлоска од хрватската Локомотива Загреб.

Кобержице загуби минимално на гости кај Ларвик и ќе има шанса во реваншот да ја надомести негативата за пласман во групите од Лигата на Европа. Десподовска се уште се рехабилитира и нема заиграно сезонава.

Локомотива Загреб загуби дома од шпанскиот Елче, а македонската репрезентативка Седлоска немаше погодоци на оваа средба. Со оглед на високиот пораз, тешка ќе биде мисијата за место во групите на Локомотива Загреб и Седлоска.

Пласман во групите обезбеди норвешката Сола, која два пати играше дома со швајцарскиот Брул и два пати славеше убедливо.

Лига на Европа, 3 квалификациско коло, резултати:

Савехоф (Шведска) – Заглебје (Полска) 30-28
Сола (Норвешка) – Брул (Швајцарија) 33-23, 37-32
Ларвик (Норвешка) – Кобержице (Полска) 30-29
Локомотива Загреб (Хрватска) – Елче (Шпанија) 21-28
Дижон (Франција) – Зрињски (Хрватска) 43-12
Борусија Дортмунд (Германија) – Бањик Мост (Чешка) 36-32
Турингер (Германија) – Вац (Унгарија) 34-22
Бломберг (Германија) – Мецинген (Германија) 30-21
Валчеа (Романија) – Дебрецин (Унгарија) 33-31
Хорс (Шведска) – Париз (Франција) 25-30
Лублин (Полска) – Бера Бера (Шпанија) 23-19

Во Европскиот Куп, поголем број од дуелите од 3 коло ќе бидат одиграни следниот викенд, меѓу кои и оние на Чаир, кој дома два пати ќе го пречека португалскиот тим Колехио Де Гаиа.

Пласман во осминафиналето обезбедија шпанскиот Порињо и словачката Јувента Михаловце. Тимот од Михаловце го елиминира босанскиот Груде на Симона Василева со две убедливи победи. Македонската интернационалка постигна три гола на втората средба.

Српската Јагодина, каде што играат Сара Стефаноска и Јана Равојска, убедливо беше поразен од грчкиот Јонијас со 27-20. Стефаноска беше најдобар стрелец во српскиот тим со шест гола, но ќе имаат тешка задача во реваншот да ја надминат негативата и да обезбедат место во осминафиналето.

Европски Куп, 3 коло, резултати:

Порињо (Шпанија) – Бурса (Турција) 34-26, 24-26
Ускудар (Турција) – Мадеира (Португалија) 25-28
Гњезно (Полска) – Ериче (Италија) 30-18
Валур (Србија) – Кристијанштад (Шведска) 27-24
Малага (Шпанија) – Сао Педро Сул (Португалија) 32-15
Јувента Михаловце (Словачка) – Груде (Босна и Херцеговина) 44-20, 39-22
Јонијас (Грција) – Јагодина (Србија) 27-20 
Дуделанж (Луксембург) – Унирек (Холандија) 22-30
Железничар Инџија (Србија) – Ваљадолид (Шпанија) 20-32
Истогу (Косово) – Кинжварт (Чешка) 30-44