Единствен македонски претставник во Лигата на Европа во женска конкуренција ќе биде Андреа Седлоска со нејзиниот тим Локомотива Загреб.
Хрватскиот претставник се најде во третиот шешир пред ждрепката која ќе се одржи утре во 11:00 часот.
Тоа значи дека Седлоска и Локомотива нема да играат против норвешкиот Сторхамар, полскиот Лублин и романскиот Таргу Жиу.
Романија има три претставници, најмногу во групната фаза, додека по две екипи имаат Франција, Норвешка, Унгарија, Хрватска и Германија, а по еден Данска, Шпанија и Полска.
Лига на Европа, ждрепка:
шешир 1: Никобинг, Турингер, Мошонмаѓаровар, Глорија Бистрица
шешир 2: Малага, Нант, Вац, Дунареа Браила
шешир 3: Локомотива Загреб, Сторхамар, Лублин, Таргу Жиу
шешир 4: Подравка, Шамбре Турен, Бенсхајм, Сола