Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра Андреа Седлоска, славеше шести пат во шестиот натпревар од новата сезона во хрватскиот шампионат.
Македонската репрезентативка одигра одличен натпревар од ЕХФ неделата и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф кај Замет Риека со 43-24.
Седлоска имаше шест погодоци од седум обиди во противничката мрежа и беше втор стрелец на натпреварот.
Следен предизвик за Седлоска и Локомотива Загреб ќе биде македонскиот двобој во Хрватска против тимот на Брод, каде брани Драгана Петковска.
























