Десниот бек Дејан Југовски е ново засилување за грчкиот второлигаш Аминтас, кој е предводен од македонскиот стратег Адријано Котевски.
Југовски потекнува од Еурофарм Пелистер, настапуваше за вториот тим и во младинските категории, а во Македонија го носеше дресот и на Прилеп.
Ова е прв интернационален предизвик за младиот ракометар, а во Аминтас ќе игра најмалку со двајца Македонци.
Таму се Стефан Лозаноски, кој игра на левата и средната бековска позиција, како и десниот бек Синиша Павлов.
Од клубот по една полусезона замина Владимир Трајкоски, но најверојатно во Аминтас ќе пристигне уште едно засилување од Македонија, па клубот би можел да се бори за врвот.
























