Се зголемува бројот на странците во македонскиот ракомет!

Во новата сезона од Супер лигата, бројот на странци ќе биде зголемен за плус уште еден во споредба со минатата и ќе биде девет, но сепак оваа одлука треба да ја изгласа Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија.

На денешната конференција на клубовите, од 12 суперлигашки екипи, десет гласаа ЗА овој предлог, еден клуб беше воздржан, додека само еден беше ПРОТИВ.

Шест од деветте странци мора да бидат репрезентативци на земјата од која доаѓаат во било која категорија, додека за останатите тројца нема ограничувања.

Ограничувањата на девет странци се однесуваaт само на домашните натпреварувања, додека во меѓународните натпреварувања, бројката не е ограничена.