Се зголемува бразилската колонија во Македонија

Дебитантот во Супер лигата, Борец ФЛ, посакува да го сочува суперлигашкиот статус за наредната сезона, а за остварување на посакуваната цел е неопходно да создаде конкурентен тим за настапот во плеј-аут фазата.

Во тимот предводен од Владимир Глигоров пристигна шесто засилување. Станува збор за Пабло Антунес, кој ќе биде вториот Бразилц во редовите на Борец ФЛ, но и ќе ја зголеми бразилската колонија во Супер лигата.

Велешани во претходниот период беа активни на трансфер пазарот, во своите редови ги донесоа Синиша Павлов (Вјоса), Бобан Петров (Котбус), Бариша Цвитановиќ (Метковиќ), Марио Миланов (Голден Арт) и Габриел Гуедеш Черубим (Осакса).

До регуларниот дел од сезоната преостануваат уште четири гола, потоа почнува разигрувањето за титулата и борбата за опстанок. Борец ФЛ го очекува тешка борба во плеј-аут фазата, бидејќи и другите клубови не ја преспаа зимата и осетно се засилија за најважните битки.