Машката репрезентација на Македонија имаше 15 ракометари во составот против Словенија од квалификациите за ЕП 2026, а причина за тоа беше повредата на Игор Ѓорѓиев.
Средниот бек на последниот тренинг пред мечот во Копер скрши прст на левата рака, па селекторот Лазаров не можеше да смета на него.
Колкава ќе биде паузата за Ѓорѓиев останува да видиме, но тоа ќе биде удар за „сино-белите“ кои ги очекува двомеч со романската Баја Маре во четвртфиналето на Европскиот Куп.
Покрај Ѓорѓиев, Лазаров во репрезентацијата, а и за клупските настапи до крајот на сезоната, нема да може да смета ниту на Марко Митев, кој заработи повредата на лигаментите на коленото и сосема извесно ја заврши сезоната, а дополнително ќе се знае колку ќе трае паузата.
Од претходно повредени се Никола Маркоски и Дамјан Митев, кои не играа против Словенија, од повреда се уште се рехабилитира десното крило Никола Костески, а во „аут“ е и Кристијан Симоноски, а претходно долги паузи имаа и Петковски и Петров.