Се зголеми мак-колонијата во Германија: Органџиев оди кај Јанчев во Сул

Левиот бек Ангелче Органџиев во продолжение од сезоната ќе настапува во германскиот тим Сул.

Велешанецот ќе му се придружи на Јане Јанчев, кој веќе трета сезона ги брани боите на овој германски состав, каде своевремено играше и екс членот на Металург, Тадеј Матијашиќ.

Органџиев потекнува од Борец Велес, а покрај за матичниот клуб настапуваше и за Радовиш, Тиквеш, Прилеп и Вардар 2. Дресот на Радовиш го носеше четири и пол сезони и константно беше меѓу најдобрите стрелци.

Левиот бек во својата кариера има и интернационално искуство, во вториот дел од сезона 2022/23 играше во Германија, поточно во Цвикау.

Ова лето во Германија, во составот на Аполда се преселија и бековите Христијан Милошески и Дејан Гошевски.