Поранешниот европски првак Магдебург пред двата последните натпревари од групната фаза од ЛШ остана без еден од најважните алки во тимот.
Исландскиот репрезентативец Гисли Кристјансон ќе мора да паузира најмалку две недели, откако заработи мала повреда на десната нога на дуелот со Алборг.
Ова значи дека Кристјансон би можел да ги пропушти квалификациските натпревари против нашиот јужен сосед на 12 и 15 март.
Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт се соочуваше со многу проблеми во претходниот период, бидејќи поголемиот дел од клучните играчи се повредуваа.
И покрај сите проблеми, бундеслигашот успеа да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето во ЛШ и во претходното коло успеа да го совлада Алборг.
Магдебург во последните две кола од Лигата на шампионите ќе игра против Колстад, односно ПИК Сегед.