Се зачестија НУЛИТЕ на македонските терени

Овој месец стартуваа натпреварувањата во сите младински категории во машка и женска конкуренција. Дел од тимовите, судејќи по остварените резултати во првите кола, нема да се изнаиграат, бидејќи во едно полувреме не можат да постигнат ни гол.

Откако во претходното коло од пионерската лига во машка конкуренција, тимот на Вардар славеше над Јуниор КВ со 36:0, изминатиот викенд три тимови не постигнаа ни гол во вторите полувремина.

Во пионерската група Б, тимот на Мулти Есенс загуби од Голден Арт со 40:2. Пионерскиот тим на Мулти Есенс во првото полувреме ги постигнаа двата погодоци, додека во вториот дел не успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Слична беше и ситуацијата меѓу пионерските екипи на Бутел Скопје и Бисинов, па така велешкиот клуб го победи скопскиот тим со 35:3. Бутелци трите гола ги постигнаа во првите 30 минути и во вториот дел само гостинските играчи се запишуваа во листата на стрелци.

За потсетување, пионерскиот тим на Јуниор КВ во првото коло загуби од Голден Арт со 57:1 (27:0).

Кај пионерките, тимот на Металург Автокоманда го совлада Младост Богданци со 21:3. Избраничките на Стојковски на полувреме имаа предност од 21:3.

Како што е познато, нулата ја почуствува и некогашниот шампион на Македонија, Борец, кој во натпревар од 4. коло од прволигашката конкуренција беше поразен од Младост Богданци со 56:6 (29:0).