Полскиот првак и европски вицепрвак Келце по репрезентативната пауза го очекува настапот на Супер Глоуб.
За неофицијалното светско клупско првенство, тренерот Талант Душебаев, ќе има посилен состав од оној што играше во Битола против Еурофарм Пелистер.
Во ростерот на Келце треба да бидат досега повредените Алекс Душебаев, Симон Сичко, Павел Пачковски и Андреа Вулф, пишува „handballnews“.
Полскиот тим ќе биде во група со Ал Наџма од Бахреин и Сан Франциско од САД, а првото место носи полуфинале на Супер Глоуб.