Женската репрезентација на Црна Гора на Европското првенство ќе патува со најсилниот состав што во моментов го има на располагање селекторката Сузана Лазовиќ.
Таа повика 18 ракометарки за настап на ЕП 2024, а меѓу нив е повратничката Милена Раичевиќ, која не играше додека селекторка беше Бојана Поповиќ по кавгата со Будуќност.
По повредите камбек ќе имаат Марта Батиновиќ и Ѓурѓина Јауковиќ, а повратници се Ѓурѓина Маловиќ, Катарина Џаферовиќ, Ивана Годеч и Јелена Вукчевиќ, додека деби на големите натпреварување ќе има пивотот Андријана Татар.
Црна Гора ќе тестира со Словенија пред стартот на ЕП 2024, а таму во групната фаза за ривали ќе ги има Романија, Чешка и Србија.