Селекторот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Чешка на 12 и 16 март.
На списокот кај Сигурдсон партиципираат 20 играчи, а на ,,коцкестите” ќе им недостигаат тројца искусни играчи кои се простија од репрезентацијата по освоеното сребро на Светското првенство – Домагој Дувњак, Иван Пешиќ и екс вардарецот Игор Карачиќ.
За овој собир го нема Верон Начиновиќ, а квалификациските натпревари против Чешка ќе ги пропушти Давид Мандиќ, кој за време на Мундијалот заработи повреда на раката.
Поранешниот член на Металург, Халил Јагањац, се најде меѓу избраните играчи, левиот бек во репрезентацијата се враќа по долга пауза. Свој кам-бек има и голманот Давид Мандиќ, кој го пропушти Мундијалот поради повреда.
Хрватска е голем фаворит на натпреварите против Чешка и се очекува да освои уште четири бода. Избраниците на Сигурдсон на стартот во квалификациите за пласман на ЕП 2026 славеа против Луксембург и Белгија.