Со натпреварот меѓу Пелистер и Стружанка, кој го добија битолчанки со 26-21 заврши сезоната во плеј-аутот и во Женската лига.
Гостинките имаа свои моменти на овој натпревар, беше и 20-20, но попуштија во финишот и домаќинките ја осигураа победата.
Најдобра во домашниот тим беше Анастасија Дамјановска со осум гола, додека Тијана Переска даде шест за Стружанка.
Спартак ја заврши домашната задача и славеше против Ѓорче Петров 2 со 28-23, па со овој триумф го обезбеди првото место на табелата.
Најдобра кај домашните беше Зорица Андовска со осум гола, а по пет за гостинките дадоа Марија Димоска и Тара Аврамоска.
Овче Поле Славјански Универзитет немаше проблеми против Шампион со 41-20, а Нина Крстева со осум и Јована Конева со седум гола беа предводнички на победничкиот тим. Кај Шампион, Марија Бојковска даде 14 гола.
На табелата, Спартак е прв со 20 бода, колку што има Пелистер, но подобар во меѓусебниот дуел е тимот од Кисела Вода. Трета заврши Деспина со 16 бодови.