Се спрема трансфер бомба – Дика Мем се сели во Фуксе Берлин?!

Според германскиот „Билд“, францускиот десен бек Дика Мем би можел да му се приклучи на бундеслигашот Фуксе Берлин.

Во 2027 година истекува неговиот договор со каталонскиот гигант Барселона, а досега нема продолжување на соработката.

„Билд“ пишува дека Мем го посетил тренинг центарот на „лисиците“ во Берлин, но директорот Боб Ханинг негираше дека се започнати преговори.

На десната бековска позиција во Фуксе Берлин игра Матијас Гидсел, кој има договор на долг рок со бундеслигашот, но Мем би играл на средната бековска позиција.

Доколку се остварат најавите за доаѓањето на Симон Питлик, тогаш Фуксе Берлин ќе ја има можеби најдобрата бековска линија во Европа.