„Се согласивме на учество затоа што сакавме да играме во САД, а не во Европа“

Директорот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг, остро реагираше на одлуката предсезонскиот турнир наместо во Лас Вегас да се одржи во Европа.

Германскиот шампион не го крие незадоволството од ваквиот развој на настаните, откако турнирот беше преместен поради политичката ситуација.

„Им поставивме неколку прашања на организаторите во врска со организацијата и сè уште чекаме одговори. Ги немаме добиено. Четири екипи се согласија да учествуваат затоа што сакавме да играме во Америка, а не во Европа. Ги формулиравме нашите прашања и сега тие имаат една недела да одговорат. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Ханинг.

Tурнирот првично требаше да се одржи во Лас Вегас со цел да се промовира ракометот во САД, но поради нестабилната политичка ситуација беше донесена одлука настанот да се пресели во Европа.

Останува да се види дали клубовите ќе останат дел од проектот или ќе следуваат дополнителни промени.

Покрај Фуксе Берлин, меѓу учесниците на машкиот дел од турнирот се францускиот Нант, унгарскиот ПИК Сегед и данскиот Алборг.

Американците нема да ги видат европските ѕвезди во Лас Вегас!