За Македонците 11 октомври е голем празник, но денешниот ден е исто така и интернационален ден на судиите.
Европската ракометна федерација упати специјална честитка до сите ЕХФ судии, кои во моментов се вкупно 256.
Меѓу нив најбројни се судиите од Македонија – 12, а по шест парови со значката на ЕХФ имаат и Романија и Црна Гора.
„Поздравете ги оние кои обезбедуваат фер игра, интегритет и спортски дух, додека носат тешки одлуки на теренот!“, напишаа од ЕХФ.
Од вкупната бројка, 214 се мажи, додека 42 се жени, а Македонија на ЕХФ листата има пет машки и една женска двојка.
Тоа се Силвана Карбеска и Марија Илиева, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, Исмаил Металари и Ненад Николовски, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, како и Методија и Михајло Илиевски.