Се разделија Пролет и Никола Матлиески

По поразот од екипата на Прилеп, тимот на Пролет и тренерот Никола Матлиески решија да тргне секој по својот пат.

Матлиески дојде во клубот на почетокот на 2025 година, но Пролет оваа сезона не игра(ше) на посакуваното ниво, па следуаше разделба.

„Ракометнииот клуб Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година. Пролет му се заблагодарува на Никола Матлиески за се што стори за овој клуб“, се вели во сооштението на клубот.

На клупата на Пролет за претстојните три меча – гостувањата кај Куманово и Еурофарм Пелистер 2, како и домашниот меч со Бутел Скопје, ќе седи Игор Илиевски, кој е предводник на младинската екипа.